Македонија

Зејди: ДУИ украде гласови, не е победник – „Начелото победник со победник е себично“

Скендер Реџепи – Зејди од коалицијата Сега е време, ДУИ не ја смета за победник на овие избори во албанскиот кампус и ја обвинува за украдени гласови. Реџепи вели дека кога би инвестирала ДУИ во патишта и во албанските населени места немаше да има потреба да инвестира во купување гласови од Албанците.

„Не може да кажеме дека луѓето кои краделе, уценувале, се заканувале и купувале гласови, може да се сметаат за победници. Победници се тие 81 илјада луѓе кои застанаа зад коалицијата  Сега е време и луѓето кои без трошка страв, уценување, закани, со чист глас, се победници“, истакна Скендер Реџепи.

Синоќа портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за ТВ21 рече дека ДУИ е апсолутен победник на изборите кај Албанците.

„Јас мислам дека ДУИ како апсолутен победник на овие избори ќе има мандат за формирање влада и потоа како таква, ќе разговараме со политичките партии за да видиме кој ќе биде дел од нашата 4 годишна влада“, посочи Бујар Османи.

Но дали ќе го почитуваат начелото победник со победник за формирање влада од коалицијата АА – ААА? Реџепи вели дека коалицијата Сега е време не кажала дека ќе го почитуваат ова начело бидејќи истото е прекршено претходно од други партии и е себично начело.

„Јас не знам дека некој од нашите претставници разговарал дека постои начело победник о победник поради фактот што го имаат прекршено претходно други партии, за нас важно е да биде на прво место албанскиот интерес. Не постојат начела кои ги создава некој на индивидуален и себичен начин. Ние не сме кажале, не познавам претставници од коалицијата Сега е време, јас немам некоја информација“, Скендер Реџепи.

Но за ова начело зборуваа  некои од претставниците на ААА-АА. Последно, Халил Снопче во Изборни дебати кажа дека апсолутно треба да се инсистира да се почитува ова начело поради можните злоупотреби.

А.В.: Дали сте сите согласни дека таа партија која има еден пратеник повеќе, да биде дел од Владата или оваа формула нема да важи?

„Апсолутно ние треба да инсистираме како Албанци дека ова правило ќе важи секојпат во иднина бидејќи потоа ќе следи феномен на злоупотреба како што правеше Груевски едно време“, посочи Халил Снопче.

За коалициите Реџепи рече дека очекуваат да се дефинираат мандатите и можна коалиција е со СДСМ отколку со ВМРО-ДПМНЕ и доколку ДИК го разгледа повторно изборниот резултат, убедени се дека ќе го смени бројот на пратенички мандати на коалициите ААА—АА.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни