Свет

Зеленски: Борбите во Соледар продолжуваат, но ние го држиме фронтот

Зеленски: Борбите во Соледар продолжуваат, но ние го држиме фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во своето секојдневно видео обраќање рече дека борбите продолжуваат во Соледар, мал град во источна Украина за кој руската платеничка група Вагнер тврди дека го зазела и дека украинските сили сè уште држат фронт во областа, пренесе АФП.

„Терористичката држава и нејзините пропагандисти се обидуваат да тврдат дека „постигнале одреден успех во Соледар“, рече Зеленски, додавајќи дека „сепак, борбите продолжуваат“.

„Правиме се, без да застанеме ниту еден ден, за да ја зајакнеме украинската одбрана“ во источниот регион Доњецк, рече Зеленски и истакна дека украинските сили го „држат фронтот“ во правец на Доњецк.

Во соопштението на Фејсбук, Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руската армија претрпува големи загуби во обидот да го заземе Соледар и да ги пресече логистичките синџири на украинските војници до стратешкиот град Бахмут. Вториот е клучна цел на руската офанзива, бидејќи неговото заземање ќе го отвори патот за Москва да ја преземе контролата врз целиот регион Доњецк, наведува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни