Свет

Зеленски денеска е во посета на Вашингтон? Ова ќе биде негово прво патување надвор од земјата

Зеленски денеска е во посета на Вашингтон? Ова ќе биде негово прво патување надвор од земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски може да го посети Вашингтон денеска, да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и да го посети Конгресот, изјавија извори запознаени со ова прашање, цитирани од Ројтерс.

Тоа би било прво патување на шефот на украинската држава надвор од неговата земја од почетокот на руската инвазија.

Посетата не е официјално потврдена, а можни се промени во плановите од безбедносни причини, изјави еден од изворите.

Посетата на украинскиот лидер ќе се совпадне со намерата на Бајден да испрати системи за противракетна одбрана „Патриот“ до владата во Киев, објави Си-Ен-Ен.

Информацијата за можната посета првично ја обелодени американскиот дневен весник „Панчбоул њуз“, забележува Ројтерс, додавајќи дека портпаролот на Зеленски се уште не одговорил на барањето за коментар. Во моментов нема одговор од претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни