Свет

Зеленски ја опишува „тортурата на цела нација“

Зеленски ја опишува „тортурата на цела нација“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша руската инвазија на неговата земја како „мачење на целата нација“.

Зборувајќи за CBS News преку преведувач, Зеленски рече дека народот на Украина не сака да биде потчинет од Русија и поради тоа е уништен и истребен.

Запрашан директно дали дејствијата на Русија претставуваат геноцид, тој вели: „Навистина, ова е геноцид. Елиминација на целата нација и народот. Ние сме граѓаните на Украина. Имаме повеќе од 100 националности.

„Се работи за уништување и истребување на сите овие националности.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни