Свет

Зеленски не ја сака Русија на Олимпијадата во Париз

Зеленски не ја сака Русија на Олимпијадата во Париз

„Русија сака војната да се одолговлекува и да ги исцрпи нашите сили. Затоа треба времето да го претвориме во наше оружје“, вели претседателот на Украина.

Да и се дозволи на Русија да учествува на Олимпијадата во Париз во 2024 година е еднакво на покажување дека „теророт е некако прифатлив“. Ова го изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето следно видео обраќање.

„Обидите на Меѓународниот олимписки комитет да ги врати руските спортисти на Олимписките игри се обиди да му покаже на целиот свет дека теророт е некако прифатлив“, смета тој. Според него, на Русија не треба да и се дозволи „да ги користи игрите или кој било друг спортски настан како пропаганда за својата агресија или државен шовинизам“.

Украина се соочува со многу тешка ситуација во источниот регион Доњецк и има потреба од побрзо снабдување со оружје и нови видови на оружје за да се спротивстави на руските напади, рече и Зеленски.

„Русија сака војната да се одолговлекува и да ги исцрпи нашите сили. Затоа треба да го претвориме времето во наше оружје. Треба да ги забрзаме настаните, да ги забрзаме набавките и да најдеме нови можности за вооружување на Украина“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни