Свет

Зеленски: Нема преговори со Русија доколку Москва организира референдуми

Зеленски: Нема преговори со Русија доколку Москва организира референдуми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку Москва организира референдуми за приклучување кон Русија во деловите на Украина што ги контролира, не може да има преговори со Украина или нејзините меѓународни сојузници, пренесе Ројтерс.

„Ако окупаторите продолжат по патот на организирање псевдореферендуми, ќе ја затворат секоја шанса за преговори со Украина и слободниот свет, што очигледно ќе и треба на руската страна во одреден момент“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Руските сили и нивните сепаратистички сојузници веќе контролираат големи делови од источна и јужна Украина.

Зеленски истакна дека Киев се придржува до својот став дека нема да ѝ отстапи никаква територија на Русија.

Нема да се откажеме од ништо што е наше“, рече украинскиот претседател.

Претставниците на Русија и Украина одржаа неколку рунди разговори веднаш по почетокот на руската инвазија, но беше постигнат мал напредок. Од март не се одржани нови разговори, при што секоја страна ја обвинува другата за нивно застој, потсетува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни