Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека руските акции во неговата земја претставуваат геноцид.
Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес, Зеленски рече дека во Украина живеат „повеќе од 100 националности“ и дека руската цел е „уништување и истребување на тие националности“.
„Ние сме граѓани на Украина и не сакаме да бидеме подредени на политиката на Руската Федерација“, рече тој.
Според него, тоа е причината зошто Украина е „подложена на уништување“.
„И тоа се случува во Европа во 21 век. Ова е тортура на целата нација“, рече шефот на украинската држава.