Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Свет

Зеленски се обрати во јужнокорејскиот парламент

Зеленски се обрати во јужнокорејскиот парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот говор во јужнокорејскиот парламент изјави дека санкциите воведени кон Русија не се доволни. Тој нагласи дека им е потребна поголема помош за да преживеат.

Тој рече дека руските ракети сериозно ја оштетиле инфраструктурата на стотици населени места.

Потенцирајќи дека најлоша е ситуацијата во Мариупол, тој рече: „Десетици илјади луѓе беа убиени во градот“.

Тој изјави и дека залихите со храна не можат да влезат во градот. Зеленски рече дека Русија се подготвува за поголем напад и дека собрала десетици илјади војници.

Тој посочи и дека Русија нема сама да застане, и дека мора да биде принудена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни