Свет

Зеленски: Војната мора да заврши со ослободување на Крим

Зеленски: Војната мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи полуостровот на Црното Море, анектиран од Москва, јавија ДПА и БТА.

„Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Црноморскиот регион не може да биде безбеден додека Крим е окупиран“, рече тој. „Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база“, додаде Зеленски.

„Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со неговото ослободување“, рече и украинскиот претседател.

Вчера беа пријавени експлозии во руска воена база на Крим, потсетува ДПА. Причината првично беше нејасна, а владата во Киев не ја презеде одговорноста, иако Њујорк Тајмс објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздухопловна база со неоткриено оружје.

Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни