Свет

Зеленски: Воведување строги санкции за оние што го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност

Зеленски: Воведување строги санкции за оние што го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на ОН за обновување на санкциите против Иран и рече дека строгите санкции треба веднаш да се воведат „секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедност“.

Зеленски на Телеграм нагласи дека Техеран долго време ги игнорира повиците на МААЕ и меѓународната заедница, поткопувајќи го нуклеарниот поредок.

„Ова треба да стане глобално правило: секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедност, веднаш треба да се воведат строги санкции“, рече Зеленски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни