Свет

Зеленски за европската интеграција на Украина: Ова е почеток на нова историја за Европа

Зеленски за европската интеграција на Украина: Ова е почеток на нова историја за Европа

Давањето на Украина кандидатски статус за Европската унија е почеток на нова историја за Европа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Вчера европските лидери одлучија во Брисел да го отворат патот за интеграција во Заедницата и за Молдавија.

Зборовите на Зеленски доаѓаат во време на тековната битка меѓу вооружените сили на Украина и руската армија во Донбас.

Киев веќе доби модерна американска артилериска огнена опрема. Системите се подалекусежни од оние на Русија во моментов.

И гувернерот на Доњецк објави дека ниту еден град во областа повеќе не е безбедно место за живеење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни