Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече прекинот на рускиот гас за Европа политичка уцена.
Тој денеска во Киев ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Шефот на организацијата пред два дена се сретна со рускиот претседател во Москва.
Само вчера Владимир Путин предупреди дека неговата земја брзо ќе одговори доколку некој надвор одлучи да интервенира во Украина.
Тој рече дека ќе ја обезбеди безбедноста на жителите на сепаратистичките региони во источна Украина, Крим и Русија. Според анализите, Русија има минимален напредок на бојното поле во Донбас.
Се известува и дека силите на Украина имаат успешни контранапади и го одбиваат непријателот. Во окупираниот Херсон, Москва тврди дека соборила украински проектили кои летале кон центарот на градот.
По експлозијата во складиште за нафта во Белгород, Русија, вечерва беше активирана воздушната одбрана на градот.