Свет

Земјотрес го потресе Јадранско море

Земјотрес го потресе Јадранско море

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското море, во близина на италијанскиот брег, околу 06:20 часот, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 57 километри од градот Римини и 30 километри североисточно од Пезаро.

Да потсетиме, приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван во Хрватска. По него следеа неколку умерени земјотреси во областа. Во областа Анкона, пријавено е оштетување на ѕидовите на зградите, а болницата Вила Игеа е евакуирана.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни