Балкан

Земјотрес од 3,6 степени ја стресе Хрватска

Земјотрес од 3,6 степени ја стресе Хрватска

Утрово земјотрес ги вознемири жителите на централниот дел на Хрватска, откако потрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Сисак, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според податоците на EMSC, епицентарот бил лоциран на околу шест километри од Сисак, на длабочина од девет километри.

Во моментов нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Граѓаните на веб-страницата на EMSC споделија дека потресот бил силно почувствуван. Дел од нив наведуваат дека куќите се треселе, додека други опишуваат дека првичниот впечаток бил како да се случила силна експлозија.

Според сведоштвата, земјотресот бил почувствуван и во повеќе други градови, меѓу кои Загреб, Глина, Поповача, Костајница и Козарска Дубица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни