Земјотрес од 3,9 степени ја погоди Романија

Романија денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, информира Романскиот национален институт за истражување и развој на физиката на Земјата (INCDFP).

Според првичните податоци, епицентарот бил лоциран на околу 76 километри од градот Брашов.

Се вчитува...

Во моментов нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Од почетокот на декември, на територијата на Романија се регистрирани 12 земјотреси со јачина над два степени, а најсилниот оваа година бил со јачина од 4,4 степени.