Балкан

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина околу полноќ.

Според EMSC, потресите се регистрирани околу полноќ.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 11 километри северозападно од Требиње, или околу 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во делови од Хрватска и Црна Гора.

„Лесно тресење“, напишал еден корисник на EMSC.

„Бев надвор, дрвјата и земјата се тресеа“, напишал еден корисник од Дубровник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни