Breaking Ветерот во Скопје достигнал до 90 километри на час, деветти степен според Бофоровата скала
Балкан

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди Србија

Жителите на јужна Србија утрово почувствуваа силен земјотрес, кој и покрај умерената магнитуда беше интензивно почувствуван поради неговата мала длабочина.

Според достапните информации, земјотресот со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 09:46 часот. Епицентарот бил лоциран во близина на Лесковац, на околу шест километри од центарот на градот, на географски координати 42,95 северна географска ширина и 21,91 источна географска должина.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), хипоцентарот се наоѓал на длабочина од приближно 0 километри, што го прави земјотресот исклучително плиток и причина тој да биде силно почувствуван во поширокиот регион.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата. Според првичните информации, потресот бил почувствуван во поголем дел од јужна Србија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни