Свет

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Романија

Попладнево Романија беше погодена од земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на координати 45.128° северна ширина и 23.248° источна должина, на длабочина од 13 километри.

Најблиските населени места до епицентарот се Таргу Џу, на 9 километри југозападно, со околу 97.100 жители, и Дробета-Турну Северин, на 73 километри североисточно, со околу 102.000 жители.

Потресот се случил во 13:18 часот, или по локално време 14:18 часот.

Засега нема известувања за повредени или материјална штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни