Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 16:26 часот по локално време во морското подрачје меѓу Пелопонез и Крит.

Според информациите на Грчкиот геодинамички институт, епицентарот на потресот бил лоциран на 21 километар југоисточно од островот Антикитера. Сеизмолозите проценуваат дека земјотресот потекнува од длабочина од 58,6 километри.

Грчкиот јавен сервис ЕРТ пренесува дека засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Сеизмолозите наведуваат дека длабочината на епицентарот придонела потресот да се почувствува во поширокиот регион, но со послаб интензитет на површината.

Надлежните служби ја следат состојбата и апелираат до граѓаните да останат смирени.