Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја потресе Гватемала

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја потресе Гватемала

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе Гватемала доцна синоќа, јави Ројтерс, повикувајќи се на Американскиот геолошки институт. Во моментов нема извештаи за штети.

Земјотресот бил на длабочина од 99,6 километри со епицентар на 11 километри од општината Масагва, лоцирана во близина на јужниот брег на земјата.

Земјотресот бил почувствуван и во соседен Салвадор.

Агенцијата за управување со катастрофи на Гватемала не извести за штета и нема предупредување за цунами.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни