Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди делови од јужните филипински острови, покажуваат податоците на Американскиот геолошки завод (USGS).
Првично беше соопштено дека земјотресот бил со магнитуда од 6,7 степени, по што е ревидиран на 6,4 степени според Рихтер, пренесува Анадолија.
Се вчитува...
Од USGS информираат дека потресот се случил со епицентар на 27 километри источно од Сантијаго, во долината Кагајан на Филипините.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека нема опасност од цунами за Филипините, јавува локалниот медиум „Inquirer“.
Засега нема непосредни информации за жртви или причинета материјална штета.
