Свет

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот регион на Папуа Нова Гвинеја, соопштија сеизмолошките центри.

Епицентарот бил лоциран 17 километри западно од градот Лае, кој има околу 76.000 жители, и на околу 308 километри северозападно од главниот град Порт Морсби.

Засега нема информации за жртви или материјална штета, а податоците сè уште не се потврдени од сеизмолог. Локалните власти и служби за итни случаи се во состојба на готовност и ја следат ситуацијата по потресот.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа на т.н. „огнен прстен“ на Пацификот, регион со интензивна сеизмичка и вулканска активност, каде вакви земјотреси се релативно чести.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни