Свет

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 6 степени е регистриран во југозападниот дел на Мексико, соопшти Геофизичкиот институт на САД, цитиран од Ројтерс.

Потресот бил почувствуван во делови од мексиканската престолнина, велат жителите. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри северозападно од Ел Тики во државата Гереро и на длабочина од 19,8 километри.

Градоначалничката на мексиканската престолнина Клаудија Шејнбаум на Твитер објави дека засега нема информации за штети.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни