Свет

Земјотрес од 7,1 ја погоди Тонга, постои опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 7,1 е регистриран во морето на околу 207 километри источно од градот Нејафу во Тонга, јави Ројтерс, повикувајќи се на Геолошкиот институт на САД.

Издадено е предупредување за цунами во Американска Самоа. Постои ризик од опасно високи бранови предизвикани од земјотресот во радиус од 300 километри од епицентарот долж бреговите на Ниуе и Тонга. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни