Breaking Советот на Централната банка на Црна Гора го одзеде одобрението за платни услуги на Алта Пеј Груп
Свет

Земјотрес во близина на островот Крит

Земјотрес во близина на островот Крит

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник навечер во морето кај островот Крит, јужна Грција, јави АНА-МПА.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри северо-североисточно од селото Неаполи во префектурата Ласити, на длабочина од 23 километри.

Во истото подрачје во понеделник наутро имаше уште еден земјотрес со иста јачина. Исто така вчера, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран и кај полуостровот Пелопонез.

Нема извештаи за штети од земјотресите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни