Балкан

Земјотрес во јужна Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер ги погоди регионите Лаконија и Месинија на Пелопонез, јужна Грција, објави Катимерини.

Според Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил утрово во 7 часот и 40 минути, пишува БТА.

Земјотресот бил на длабочина од 21 километар, а епицентарот бил на 32 километри југозападно од крајбрежното село Геролименас во јужниот дел на полуостровот Мани.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни