Властите во Италија предупредија на потенцијалниот ризик од цунами на брегот на таа земја. Официјалните лица ги повикаа граѓаните во крајбрежните области да се преселат на повисоките места и да чекаат повеќе информации од локалните власти.
Службата за мониторинг на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар за Ројтерс изјави дека го проценува ризикот од цунами.
Во соопштението објавено утрово се вели:
– Врз основа на податоците обработени од Центарот за предупредување од цунами (ЦАТ), Одделот за цивилна заштита издаде предупредување за можни бранови од цунами кои ќе стигнат до италијанскиот брег по земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер, со епицентар меѓу Турција и Сирија. Се препорачува да се држите подалеку од крајбрежните области, да стигнете до блиските повисоки места и да ги следите упатствата на локалните власти.
🔴 ALLERTA POSSIBILE #MAREMOTO SULLE COSTE ITALIANE in seguito all'evento sismico in #Turchia. Si raccomanda di allontanarsi dalla costa e di seguire le indicazioni delle autorità locali
[Aggiornamento #6febbraio ore 3:15] https://t.co/N6XMaK9TQz— Dipartimento Protezione Civile (@DPCgov) February 6, 2023