Балкан

Земјотресот во Црна Гора се почувствувал и во Хрватска и БиХ: „Беше силен, се тресеше куќата“

Земјотресот во Црна Гора се почувствувал и во Хрватска и БиХ: „Беше силен, се тресеше куќата“

Епицентарот на земјотресот во Црна Гора е на 19 километри од Никшиќ.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар информира дека во Црна Гора имало земјотрес со јачина од 3,8 степени.

Тлото се затресе во 10 часот и 21 минути со епицентар на 63 километри северозападно од Подгорица и 19 километри северно од Никшиќ на длабочина од девет километри.

„Непријатно силен земјотрес“, „Силно тресење“, „Краток беше ударот“, „Беше силно, се тресеше во куќата: кревети, маси, столови. Но не траеше долго“, се дел од сведоштвата. пријавени од граѓаните на Црна Гора Уп.

Граѓаните на БиХ и Хрватска, исто така, известија дека го почувствувале земјотресот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни