Зендели се сомнева во измените на КЗ, подобрување на недостатоците или за политички пазари?

Пратеникот од Движењето Беса, Фадиљ Зендели, вели дека е сомнително тоа што токму во овој момент се прават обиди за интервенција во Кривичниот законик. Тој се сомнева од две причини: анализирање и отстранувањето на недостатоците или пак измените се прават поради одредени политички мотиви. Вели дека е против секаква амнестија или начин за помилување на инкриминираните лица, а уште помалку тоа да се направи преку политички процеси.

„Јас и порано изјавив, и пред да се донесе Законот за амнестија, јасно кажав дека сум против овој Закон за амнестија. Реков дека овој закон нема да биде доволен и дека овој процес ќе продолжи и понатаму. Како што изгледа, политичките пазари околу блискоста на одредени пратеници, или нивната амнестија, или лицата кои имаат или имале силно политичко влијание, продолжува преку Кривичниот законик, околу одредени членови кои задираат во разни аспекти на одредени дефиниции, околу имотот, јазикот на омразата, меѓутоа треба да се чекаат конечните решенија кои ќе бидат понудени во Собранието“, вели Фадиљ Зендели.

Се вчитува...

Извор: ТВ21