АНИТА Дадиќ, жената која пред неколку дена беше нападната од морска желка во заливот на хрватскиот остров Чиово, кај Трогир, изјави дека не знае што и се случило, туку чувствувала само голема болка.
– Болката беше како некој да те зграпчил со огромни клешти, да ти ги вкопал во кожа и да стиснал, додека ќерката плачела и викала „Не сакам мама да умре“ – изјавила Анита Дадиќ.
Рекла дека пливала на неколку метри од плажата, а потоа следел нападот од кој за среќа ја спасил сопругот.
– Само почувствував дека нешто ме зграпчува. Врескав до крај на белите дробови и му викав на мојот сопруг „Анте“. Се свртев и ја видов таа огромна кафеава работа – рекла Анита.
А нејзиниот сопруг Анте вели дека не ни помислил што се случува, туку се фрлил и оттурнал нешто.
– Само кога се туркав, покрај перката видов дека е желка, сигурно од 80 до 100 сантиметри – изјави Анте Дадиќ.
Желките нормално не напаѓаат луѓе, па се сомнева дека оваа можеби се чувствувала загрозена.