Македонија

Жена од Радовишко нападнала и со остар предмет ја удрила јатрвата!

Жена од Радовишко нападнала и со остар предмет ја удрила јатрвата!

На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село.

Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата.

П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана во Полициската станица Радовиш.

Запознаен е јавен обвинител, по чии насоки, по целосно документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни