На 12.12.2018 година во 11.30 часот во Полициска станица Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив била донесена В.Д.(57) од село Стар Караорман, штипско која околу 10.30 часот во место викано Балабаница се здобила со тешки телесни повреди при пад од приколка натоварена со бали на работна машина трактор, управуван од Ф.Д.(55) од село Стар Караорман. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
20мин
