Балкан

Жена внела две плински боци во авионот во Подгорица

Жена внела две плински боци во авионот во Подгорица

На летот на Ер Србија од Подгорица за Белград дошло до сериозно нарушување на безбедноста кога еден од патниците без проблем ја поминал контролата на аеродромот, носејќи две плински боци со средна големина. Жената се качила на летот и му ги предала плинските боци на пилотот во авионот, пишува црногорски Стандард.

Плинските боци, како и другите опасни предмети и материјали се на списокот на забранети предмети што е забрането да се внесуваат во авионот и секако не можат да поминат на проверката што се врши во зградата на аеродромот пред да се качат на летот.

На аеродромот му се закануваат тешки санкции

Поради очигледниот пропуст на службениците на аеродромот, пилотот на авионот веднаш ја известил полицијата, која ги одзела плинските боци и ги извадила од авионот.

Бидејќи станува збор за директна безбедносна закана, Ер Србија поднесе жалба против аеродромот во Подгорица. Колку е значаен овој инцидент говори и фактот што се губи меѓународниот сертификат ECAC за толку голема грешка, која во овој случај би била погубна за аеродромите во Црна Гора.

Според неофицијални информации на порталот Стандард, истрагата се уште е во тек и допрва треба да се утврдува каква мерка ќе биде изречена за одговорното лице за пропустот и какви евентуални санкции ги очекуваат аеродромите во Црна Гора, односно во конкретниот случај аеродромот во Подгорица.

Се се случи додека премиерот беше на аеродром

Инцидентот се случил на денот кога црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во својот технички мандат бил на аеродромот во Подгорица по повод Денот на аеродромот во Црна Гора.

Абазовиќ во таа прилика и порача на јавноста да не наседнува на евтина пропаганда и дека се работи во најдобар ред.

„Одиме кон рекордна туристичка сезона. Црна Гора е на добар пат!“ изјави Абазовиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни