Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими призна дека постои несогласување меѓу ДУИ и СДСМ за предлог-законот за игрите на среќа. Тој изрази незадоволство и од Министерството за финансии.
“Министерството за финансии го подготвуваше и предложи предлог-закон кој е во Влада и тој предлог-закон не доби зелено светло од ДУИ. Тој предлог закон не само што точно не ја одредува оддалеченоста или да го регулира функционирањето на игрите на среќа, туку со тој закон казината се полнат со повеќе апарати“, изјави Ејуп Алими – пратеник на ДУИ.
Алими вели дека подготвениот предлог-закон од страна на ДУИ, ја одредува оддалеченоста на објектите и дека се консултирале со сите политички партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, законот да влезе во процедура, но досега никој не ги послушал.
Дервиш Алими, од Движење Беса, го обвини координаторот на ДУИ, Ејуп Алими, дека го крие прашањето за оддалеченоста предвидена со закон.
Џемал Авдиу, од Движење против коцкање, извести дека објектот во Мала Речица е опремен со апарати и, според него, е подготвен за работа.
„Со предлог-законот поднесен од координаторот на парламентарната група на ДУИ и пратеникот, Реџаил Исмаили, ние можеме да се согласиме, но не се согласуваме за две прашања. Првото прашање е оддалеченоста на објектите на игрите на среќа. Нашето барање е да бидат оддалечени 3 километри од населените места, далеку од нашите домови, бидејќи нашите домови ги сметаме за свети објекти и од тој протест излегоа уште две барања. 5% од профитот од игрите на среќа да бидат наменети за реновирање на објектите од јавен интерес, училишта, градинки, болници. И третото барање, кое сметаме дека е многу важно, е стратегија за едукација на нашите деца од штетите од коцкањето“, изјави Џемал Авдиу од движењето против коцкање.
Имамот, Зекирија Ибрахими, ја поздрави инцијативата. Додаде дека од верска гледна точка, коцкањето е строго забрането.
„Кога сме кај спортските обложувалници и коцкањето, треба да знаеме дека сите вери строго забраниле такво нешто. Затоа ова важи за сите граѓани, за сите тие кои го сакат најдоброто за нивните деца, нивните наследници. Сите треба да поддржиме вакво нешто. Повторно ќе кажам, го поздравувам предлог-законот, но ќе кажам дека лошите нешта треба да уништат од корен“, додаде Зекирија Ибрахими – Имам.
Соговорниците ја поздравија одлуката на премиерот на Албанија, Еди Рама, за затворање на објектите на игри на среќа и се согласија дека таков закон би требало да се донесе и во Македонија.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ