Македонија

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот ветер

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот ветер

ЈСП Скопје информира дека Жичница на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер кој ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено функционирање на објектот.

Од претпријатието посочуваат дека јачината на ветерот е над пропишаните стандарди, поради што е донесена одлука за привремено прекинување на превозот на патници, со цел да се обезбеди целосна безбедност.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом се создадат услови за безбедно и стабилно работење, жичницата ќе продолжи со редовен превоз.

Од ЈСП Скопје упатуваат апел до граѓаните за разбирање и почитување на одлуката, нагласувајќи дека приоритет е безбедноста на патниците и вработените.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни