Жичницата на Водно нема да работи поради технички активности

Жичницата до Милениумскиот крст на Водно привремено нема да биде во функција поради изведување технички активности, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.

Од ЈСП Скопје информираат дека прекинот е привремен и дека жичницата повторно ќе биде ставена во употреба веднаш штом се создадат услови за безбедно и непречено работење.

„Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со превезување на патниците во вообичаеното работно време“, наведуваат од претпријатието.

Од ЈСП им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето додека траат техничките активности.