Жители од битолско Кравари се жалат дека не можат да дишат поради фабриката за канабис

„Краток есеј за фабриката за канабис во Кравари. Не се диши! Ќе треба да чекаме нови случаи на заболувања…или?“ – вака пишува еден граѓанин од битолското село Кравари на Фејсбук.

Понатаму, додава тој, „Ако е толку здраво не видов овде болни да носат на рехабилитација или заангажираните околу “проектот“ фамилиите да си преселат туку идат на “контрола“ и бегаат. Ова е далеку од зафрканција, ги премина сите граници, пак ќе прашам во орда живееме? Надлежните слободно нека дојдат, нека го посетат местото преку ноќ по можност“, пишува граѓанинот.

4NEWS.mk неофицијално дознава дека се работи за фабриката „Белланџ“ ДОО увоз-извоз Кравари, Битола. Но, дали и колку оваа фабрика претставува опасност за околината и загадува надлежните молчат.