Два дена по ред, жителите на Шуто Оризари ја блокираа раскрсницата на булеварот „Словенечка“. Ги повторија истите барања, средба со властите за решавање на проблемот со асфалтирањето на улиците.
Со оглед на тоа дека локалните власти ги игнорираа, граѓаните бараат помош од премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Но, првиот човек на Шуто Оризари, Курто Дудуш го вели спротивното. Тој вели дека никогаш не рекол дека тие улици не постојат и тврди дека ги известил жителите на таа зона дека проектите за улиците за кои протестираат се подготвени
Дудуш бара жителите да бидат трпеливи и апелира да не бидат љубоморни на другите населби. Пред одредено време, општина Шуто Оризари во соработка со Град Скопје асфалтираше неколку улици. Инаку, денес е втор ден што граѓаните на улиците 38 и 40 ја блокираат раскрсницата на булевар „Словенечка“. Тие велат дека ќе протестираат се додека властите не преземат нешто.