Ова е населбата Врапче во општина Кисела Вода. За разлика од акцијата за чистење кај Скопското кале, во Врапче не дошол никој за чистење, се пожалија жителите на оваа населба.
„Самите фрлаат бидејќи нема контејнери. Ние бараме, но не ни даваат, во општина Кисела Вода доставивме барање за контејнери, но немаат донесено“, вели Биљал Беќири, Жител.
За дивата депонија која претставува опасност за здравјето на граѓаните, го прашавме и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека ќе им дојде ред и на другите населби за чистење.
Жителите од оваа населба бараат што поскоро да се преземат мерки за чистење на дивата депонија. Тие стравуваат од болести поради нехигиената. Освен отпадот кој го фрлаат овде, жителите велат дека има случаи кога отпад од другите населби го носат отпадот овде.