Живот во една соба и без никакви приходи – четиричлено семејство може да остане без дом

Али има две и пол години и не може да сфати зошто неговата мајка плаче. Солзите се поради тоа што, освен мекици, не е во можност да подготви друга храна на своите деца. Шпорет немаат, а млекото за девојчето го подгрева на греалка.

-Ниту самата не можам да опишам колку е тешко кога децата бараат нешто, а не можеш да им ја исполниш желбата. Се има случувано цел ден да јаде само мекици, иако не може да ги јаде – вели Метие Алиа.

Се вчитува...

Матие која има две деца, раскажа за случајот кога малата Ајла била болна, а таа немала можност да ја однесе на лекар.

-Беше лошо, имаше проблеми со дишењето и падна на земја, а јас немав можност да ја однесам на лекар – рече Алиа.

Грижите на ова семејство не завршуваат тука. Живеат во скопската населба Серава. Иако куќата е голема, сепак користат само една соба.  Постои опасност да остане под отворено небо, бидејќи веќе три месеци не ја платиле киријата.

-Кога работи сопругот врзуваме крај со кај некако, но кога не работи навистина е тешко. Сега сопствениот на куќата ги бара парите и нѐ предупреди да го напуштиме станот. Но, ние немаме што да правиме. – вели Алиа.

Иако е доцна, сопругот на Метие излегол да бара работа. Често пати работи за дневница од само 200 денари. Ова семејство не е добива социјална помош, а за киријата секој месец мора да одвојат 130 евра. Поради тоа бараат помош од хуманите луѓе.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21