Breaking Невремето ги оштети и поплави „Вила Водно“, „Нова Македонија“ и неколку министерства
Македонија

Жолт метеоаларм низ Македонија: И денеска невреме со град и силен ветер

Жолт метеоаларм низ Македонија: И денеска невреме со град и силен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде предупредување за жолт метеоаларм, најавувајки дека нестабилното време продолжува низ целата држава.

Според метеоролозите, денеска нè очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одредени места повторно ќе има услови за појава на невреме со град.

Дополнително, ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, чија брзина ќе надминува 60 километри на час. Граѓаните се повикуваат на исклучителна претпазливост, особено при движење на отворено и во сообраќајот, со оглед на штетите што веќе ги предизвика претходниот бран невреме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни