Новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска во интервју за Канал 5 го коментираше доскорешниот претседател на ЛДП и министер Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа.
Пенов вели дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.
„Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органи. Пратениците гласаат „за“, се определија за Европа, за чекор понатаму“, рече Пенов.
На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“.
– Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.