Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, во интервју за меѓународниот „ЕУ обсервер“, збореше за процесот на уставни измени во Собранието, со апел до сите партии да се обединат и да го отворат патот за формирање на техничка Влада, која ќе има лигитимитет и кредибилитет за измена на Уставот.
„Ги повикувам сите лидери на политичките партии да седнат заедно и да постигнат договор, така што новиот устав ќе ги адресира овие проблеми во вистински европски дух. Ова ќе го отвори патот за воспоставување на техничка Влада која има легитимитет, како и кредибилитет за измена на Уставот пред да одат на предвремени избори “, изјави Села и додаде:
Се вчитува...
„Процесот на европска интеграција на Македонија не треба да биде предводена од страна на политичарите кои се под истрага за корупција или се потпираат на пратеници- терористи кои бараат амнестија “, рече Села, кој истакна дека Унгарија мора веднаш да изврши екстрадиција на Никола Груевски.
