Археолошкиот музеј е трето место кое оваа година ги отвори вратите за изложбата “Златниот Казахстански Војник“, отворена на 11 јули, а ќе трае до 11 август. Пред да пристигне во нашата земја, Златниот војник до сега беше изложен во Минск, Москва, Баку, Сиан, Сеул, Казахстан, Ташкент. Идната година тој ќе отпатува во Источна и Југоисточна Азија, Европа и Америка.
Археологот Марија Димишковска вели дека интересот на граѓаните е голем. Таа вели дека посетителите на изложбата имаат што да видат бидејќи станува збор за интересни факти.
Таа вели дека на изложбата, освен Златниот човек има и стари артефакти кои се најдени за време на ископувањето на Војникот.
Димишковска додава дека по независноста на Казахстан, Златниот војник станал симбол на овој народ. Според неа, важно е да се учи за туѓите култури кои се претставуваат во нашата земја. Инаку, Златниот војник е познат и како Казахстанскиот Тутанкамон. Научниците го идентификувале како 18 годишен воин од народот Сака.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ