Балкан

„Злосторства против државата“: 79 лица се уапсени во Грција поради подметнување пожар

„Злосторства против државата“: 79 лица се уапсени во Грција поради подметнување пожар

79 лица се уапсени во Грција под сомнение за подметнување пожар. Властите дејствијата на осомничените ги дефинираа како „злосторства против државата“.

Нашиот јужен сосед продолжува да се бори со огнената стихија, а според министерот за цивилна заштита ова е најтешката летна сезона откако се води статистика.

Пожарот околу градот Александрополис е веќе најголемиот досега забележан на територијата на Европската унија, соопшти Брисел. А според експертите, како резултат на уништените шуми во близина на Атина, каде е загрозен националниот парк на природата, главниот град ќе биде поранлив на поплави во зима.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни