Прислушуваниот разговор кој беше вчера објавен во кој се слуша како зборуваат министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и на Миле Талевски – претседател на општинската организација на СДСМ, Наум Стоилковски вели дека го добиле од граѓани. Тој вели дека разговорите ги објавуваат како што ги добиваат.
„Граѓаните постојано кои се соочија со лагите на Зоран Заев и се соочија со девастирачка политика на СДСМ кои што се соочија со рекетарско здружувања и криминогени активности во оваа власт на СДСМ постојано доставуваат материјали затоа што не веруваат во ова Јавно Обвинителство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Миле Талевски потврди дека во разговорот е неговиот глас и на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарсвски, но вели дека не направиле никаков прекршок.
„На снимката се слуша дека ги повикувам нашите членови кои се вработени исклучиво согласно законот, чесно и без доза на ароганција и во интерес на граѓаните. Јасно велам не барам да се прави ништо незаконско“, рече Талевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека материјалите се уште не ги доставиле во обвинителство. Во обвинителство прашавме дали ќе постапат по допрен глас за овој случај, од таму не добивме одговор. Сугаревски не ни одговари зошто на овој начин, преку агитирање кај вработените вршел притисок за да гласат за Стево Пендаровски.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА