Дали некогаш сте се запрашале зошто има светло во фрижидерот кога ќе ја отворите вратата, а нема во замрзнувачот? Постојат многу теории, а некои од нив се интересни.
Вообичаена теорија е дека светло во замрзнувачот нема, затоа што не е потребно. Во секој случај не толку како во фрижидерот. Го отвораме многу поретко замрзнувачот, а фрижидерот неколку пати во текот на денот.
Замрзнувачот исто така е далеку помал од фрижидерот, така што светлоста која доаѓа од надвор е доволна.
Вистина е дека постојат фрижидери кои имаат осветлена комора. Но, тоа ретко се случува. Треба да се има во предвид дека и сијалиците нема да работат на ниска температура. Постојат отпорни на мраз, но се многу скапи.
Во замрзнувачот нема потреба од светло, а доколку тоа го сакате, може да си го дозволите, се разбира доколку сте подготвени да ја платите таа цена.
