Македонија

Знаци со навредлива содржина за ДУИ се појавија во Тетово

Во Тетово ќе се бараат лицата кои ноќта помеѓу средата и четвртокот поставиле знаци со навредлица содржина за политичка партија, соопшти тетовската полиција, пренесе МИА.

На фотографиите кои се споделуваат на интернет социјалните мрежи на знаците се гледа натписот: „Јавна куќа ДУИ 18+ 1000 м“, на албански јазик.

– Ноќта помеѓу 10 и 11 овој месец, засега непознати сторители на 10 локации, односно на крстосници во Тетово, на метални столбови од сообраќајни знаци, поставиле дрвени табли со налепници со навредлива содржина, упатена на адреса на политичка партија. Извршен е увид и се расчистува случајот, соопшти денеска Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни