Следната година се навршуваат 60 години од првиот филм за Џејмс Бонд.
Се работи за високобуџетниот серијал, тогаш со Шон Конери во водечката улога, а Даниел Крејг е шестиот актер што ја презеде истата улога пред околу 15 години.
Тој повторно ќе се појави во филмот „Не е време за умирање“ (No Time to Die), а обожавателите на „007“ ќе можат по петти и (веројатно) последен пат да го видат во оваа веќе култна улога.
По овој повод, Крејг проговори и за можноста во иднина овој британски агент да го глуми девојка.
„Зошто жена да го глуми Џејмс Бонд кога може да има нов лик, исто толку добар како Џејмс Бонд, но – жена?!“, праша Крејг.
Според шпекулациите, токму актерката Лашана Линч некои ја гледаат во главната улога на следниот, односно 26-тиот филм за „007“.
Таа е, инаку, главната „Бонд девојка“ во годинашниот 25. филм од серијалот, којшто излегува на 8 октомври.
Сличен став, дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена, туку треба да се создаде нов женски лик, пред извесно време имаше и Барбара Броколи – сегашната главна продуцентка на овие филмови.
Инаку, за наследник на Даниел Крејг е сметан и Реџе-Жан Пејџ, но самиот тој засега ги демантира тие гласини.
