Свет

„Ѕвезда Даница“ или чист терор: Еден брат мистериозно исчезнал, друг брутално убиен со игли натопени во отров!

Постариот полубрат на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун – Ким Џонг Нам, беше убиен во февруари 2017 година на аеродромот во Малезија. Него го убиле две жени кои не биле веднаш идентификувани, а го убиле прободејќи го со игли натопени во отров!

Британските таблоиди се повикаа на медиумите од Јужна Кореја и тврдеа дека убијците се севернокорејски агенти и дека злосторството се случило на аеродромот во Куала Лумпур.

Тој починал на пат кон болница, а осомничените биле во бегство. Сепак, тие потоа беа уапсени.

Сити Ајша и Дон Ти Хонг тврдат дека не се виновни и дека мислеле дека учествуваат во снимање на смешна ТВ емисија.

Ким Џонг Нам беше најстариот син на Ким Џонг Ил и долго време се сметаше за наследник на тронот во комунистичката династија.

Меѓутоа, тој паднал во немилост кога во 2001 година се обидел да влезе во Јапонија со фалсификуван пасош на Доминиканската Република, каде што имал намера да го посети Дизниленд.

Во 2014 година медиумите објавија дека животот на Ким Џонг Ун е во опасност бидејќи ја критикувал владата на својот полубрат.

Ким Џонг Нам наводно бил цел на обид за атентат во 2011 година, кога го преживеал нападот во Макао, по размена на оган меѓу напаѓачот и неговите телохранители.

„Ѕвезда Даница“

Ким Џонг Ун, најмладиот син на Ким Џонг Ил и неговата трета сопруга Ко Џонг Хуи, е роден во 1983 или 1984 година.

Не беше планирано да го наследи неговиот татко. Аналитичарите предвидуваа дека тоа место ќе го наследи полубратот на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Нам или постариот брат Ким Џонг Чол.

Но, протерувањето на Ким Џонг Нам од Јапонија во 2001 година и „исчезнувањето“ на средниот брат на Ким Џонг Ун ги зголемија неговите шанси да стане шеф на државата.

Аналитичарите почнаа да предвидуваат посветла иднина на Ун кога тој почна да добива сериозни политички позиции.

Иако студирал во Швајцарија, Ким Јунг Ун го избегнувал западното влијание – се враќал дома секогаш кога немало часови во Швајцарија и често се среќавал со севернокорејскиот амбасадор.

Откако се вратил во Пјонгјанг, го продолжил образованието на воениот универзитет.

Се верува дека неговата мајка била омилената сопруга на Ким Џонг Ил. Синот го нарече „Ѕвезда даница“ и го гледаше како иден лидер.

Според извештаите, Ким Џонг Ун ја посетил Кина со својот татко во август 2010 година. За него како наследник тогаш веќе говорат аналитичарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни